Втора лигаФудбал

Второлигашот Вардар Неготино во понеделник ги „пали моторите“, договорени пет пријателски натпревари!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар Неготино
Сподели

Второлигашот Вардар Неготино предводен од Горан Тодорчев во понеделник ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде тимот ќе цели кон рано обезбедување на опстанокот и со тоа да има мирна завршница од сезоната.

Тодорче в понеделник ќе го собере тимот за првпат во Новата 2025 година и ќе означи старт на подготовките на Градскиот стадион во Неготино, познат како „Цвај арена“.

Веќе се закажани и пријателските натпревари преку кој тимот од Неготино ќе ја бруси формата за успешен настап во пролетниот дел.

Првиот контролен меч се игра на 22. јануари против Беласица во Струмица, на 25. јануари ќе следува тестирање со Кожуф во Гевгелија, а пак на 29. јануари проверка со прволигашот Тикеш во Кавадарци.

На 1. февруари Вардар Неготино ќе се тестира со третолигашот Слога Виница во Дојран, а пак на 8. февруари е закажана „генералката“ против тимот на Победа од Прилеп.

Според информациите на Спортска Мрежа раководството веќе разговара со неколку играчи со што во следниот период се очекуваат и промоција на нови играчи.

ДОБИВАЈ ВЕСТИ НА ВИБЕР

Вардар Неготино есенскиот дел го заврши на 13. место со 14 бодови на своето конто, со учиник од четири победи, две ремија и девет порази. Пролетниот дел тимот на Тодорчев го отвара на домашен терен против Осогово во важен меч и за двете екипи во трката за потврдување на опстанокот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!