Прва лигаФудбал

Тиквеш ги промовираше Купанов и Јонус

Сподели
Сподели

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци ги промовираше голманот Филип Купанов и Рушту Јонус како нови засилувања за пролетните предизвици во Првата лига, каде Тиквеш сака директен и сигурен опстанок во Првата лига.

Првиот човек на клбот, Миле Масларков ги претстави двете нови засилувања во тимот предводен од Ѓорѓи Мојсов, со што голманот Купанов доаѓа на местото на Тасев, досегашниот прв голман на Тиквеш кој замина од клубот.

22-годишниот голман во Тиквеш доаѓа од Брера Струмица, претхдоно беше дел и од Беласица, Детонит Плачкоица и Кожуф од Гевгелија.

Јонус, кој исто така има 22 години во Тиквеш доаѓа од Вардар, а има играно и за Гостивар, Охрид, Кит Го од Пехчево, Работнички и Шкупи.

Тиквеш во пролетниот дел влегува освежен и засилен, со поголем играчки капацитет и со тоа посигурен во пролетната борба за директен и сигурен опстанок во Првата лига.

Каваречкиот тим презимува на деветтото место со 14 бодови, а пролетниот дел го отвара против лидерот Силекс во Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!