ИнтернационалциФудбал

Бесар Гуџуфи се сели во албанскиот шампионат, ќе настапува за Партизани од Тирана!

Сподели
Сподели

20-годишниот крилен фудбалер, Бесар Гуџуфи, одлучи да ја продолжи својата кариера во Албанија, а тоа значи заминува од редовите на македонскиот прволигаш Шкупи. По преговори со неколку клубови, Гуџуфи го избра тимот на Партизани од Тирана, со што ќе настапува во албанскиот шампионат.

Во следниот период треба да следи негова официјална промоција, а со тоа и да се приклучи на тимот, а со тоа да ги започне подготовките за пролетниот дел.

Во актуелната полусезона, Гуџуфи одигра 12 натпревари за Шкупи во Првата лига, забележувајќи еден гол и една асистенција. Претходно, тој беше дел од младинскиот состав на Бешикташ, а исто така настапуваше за струмичка Беласица и младинскиот тим на Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата натпревар во Лига на шампиони

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе суди натпревар од Лига на шампиони во женска конкуренција. Искусната Пројковска ќе јад ели правдата на четвртфиналниот...

ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија се собра и ги започна подготовките за мечевите со Лихтенштајн и Велс

После големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, репрезентативците на Македонија денес се собраа во Скопје на...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата натпревар во Лига на шампиони

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе суди натпревар од Лига на шампиони...

Трета лигаФудбал

Игор Ѓорѓиев најдобар стрелец во Трета лига – Исток, кои играчи може да го стигнат?

Изминатиот викенд беше отворен пролетниот дел на Трета лига – Исток со...

Трета лигаФудбал

Три екипи ќе водат неизвесна и рамноправна борба во Трета лига – Југ за баражот за Втора лига

Третата фудбалска лига – Југ ќе биде еден од неизвесните региони каде...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!