Ракомет

Охрид ги започна подготовките, „гладијаторите“ ќе ја темпираат формата во Белград!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид ги започнаа зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Суперлигата. Тренерот Стевче Алушовски го имаше првиот собир со ракометарите во Спортската сала „Билјанини Извори“ со што беше означен стартот на подготовките со првиот тренинг.

На првиот тренинг присутни беа сите играчи, а меѓу нив беше и новото засилување, Бразилецот Винициус.

„Екипата првиот дел од подготовките ќе ги обработува во Охрид, па потоа од 23. до 29. јануари, „гладијаторите“ се на припреми во Белград, Србија, каде што ќе учествуваме на силен турнир, „Трофеј Вук Рогановиќ“, каде што освен ГРК Охрид ќе учествуваат и екипите на РК Партизан и РК Панчево од Србија, како и екипата на РК Нексе од Хрватска. По турнирот ќе ги одмериме силите и со РК Металопластика Шабац и шампионот на Србија, екипата на РК Војводина. Пред почетокот на вториот дел од првенството во Охрид ќе ни гостува екипата на РК Куманово“ – изјави спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.

Охрид во есенскиот дел има учинок од 12 победи, едно реми и три порази и вкупно 25 бодови на своето конто, а пролетниот дел го отвара со гостување во Велес кај дебитантот Бисинов.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!