Втора лигаФудбал

Нови три засилувања во Детонит Плачковица: Јошески, Масевски и Манасиевски доаѓаат во Радовиш!

Сподели
Сподели

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, по промоцијата на повратниците Филип Димоски и Јовица Радевски, во Детонит Плачковица според нашите информации доаѓаат уште три големи засилувања. Станува збор за Давид Јошески, Дамјан Масевски и Филип Манасиевски.

22-годишниот Јошески во Детонит Плачковица доаѓа од прилепска Победа од каде и потекнува, а настапуваше и за битолски Пелистер и струшки Караорман.

Масевски, кој има 23 години во радовишкиот тим доаѓа од прволигашот Пелистер, тој потекнува од Работнички, а има настапувано и за Кадино, Тетекс, Силекс, Охрид и последно Пелистер.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Манасиевски во Детонит Плачковица доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија, тој има 23 години, а има настапувано и за Борец, Осогово и Вардар од каде и потекнува.


Шефот на стручниот штаб на Детонит Плачковица, Горан Здравков, в четврток ќе означи старт на подготовките за пролетната полусезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!