Втора лигаФудбал

Башкими на 13. јануари ги стартува подготовките – целта е влез во Прва лига

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашот Башкими на 13. јануари ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона во која тимот од Куманово има една цел – влез во Првата македонска фудбалска лига.

Освојувачот на Купот на Македонија од сезона 2004/2005 одигра одлична есен и заврши на 3. место на табелата со 32 бодови на своето конто, само бод помалку од второпласираната Брегалница од Штип, која Башкими ја доби во последното есенско коло.

Клубот ќе одигра пет пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата за пролетниот дел од Втората лига.

„По 18 години чекање, ја имаме историската шанса да се вратиме онаму каде што заслужуваме во Првата лига. Оваа сезона е повеќе од спорт – тоа е страст, борба и гордост за нашите бои“, се вели во соопштението на клубот.

Пролетната полусезона Башкими ја отвара на домашен терен против Борец од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!