Трета лигаФудбал

Голгетерот Орхан Мифтар заминува од Фортуна, кариерата ќе ја продолжи во нов клуб!

Сподели
Сподели

Најдобриот стрелец во Третата македонска фудбалска лига – Север, Орхан Мифтар, заминува од третолигашот Фортуна и кариерата ќе ја продолжи во нов клуб, дознава Спортска Мрежа.

Искусниот играч во Фортуна пристигна во месец февруари 2024 година, а во својата кариера покрај за овој клуб има настапувано и за Риниа, Дрита од Боговиње, Вардар Форинo, Тетекс и други домашни екипи, а има и меѓународно искуство настапувајќи за Влазниа од Косово.

„Имам понуди од повеќе екипи, во следниот период ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата“, кратко изјави Мифтар за Спортска Мрежа.

Мифтар е најдобар стрелец во Трета лига – Север со постигнати 19 погодоци во есенскиот дел од сезоната, а во следниот период ќе биде познато каде играчот ќе ја продолжи својата кариера.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!