Прва лигаФудбал

Фал: Противникот е силен, но ако останеме фокусирани и играме како тим, верувам дека на крајот можеме да победиме

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум е во одлична серија и сака да ја сочува и зацврсти лидерската позиција со нов успех, на тешкото гостување во Кратово. Стружани го респектираат Силекс како домаќин, но ќе сторат сѐ за да освојат три бода и на овој дуел.

Интернационалецот од Сенегал, Папе Фал, верува дека Струга Трим Лум може да стигне до триумф.

„Верувам во нашиот тим, бидејќи се наоѓаме во добар период и мислам дека сите во екипата чувствуваат дека можеме да успееме. Треба да го слушаме тренерот, да го правиме она што најдобро го знаеме и да веруваме во себе. Противникот е силен, но ако останеме фокусирани и играме како тим, верувам дека на крајот можеме да победиме“, изјави Папе Фал.

На последното гостување во Кратово, тимот на Струга Трим Лум славеше со 1-3.

„Како што веќе нагласив, секогаш имам верба во екипата и во нашиот тренер. Ако го дадеме најдоброто од себе, како што го правевме во текот на целата оваа полусезона, верувам дека можеме да го повториме резултатот од последниот натпревар во Кратово“, потенцира одличниот дефанзивец.

Натпреварот меѓу Силекс и Струга Трим Лум се игра од 12 часот на стадионот во Кратово, а ќе го суди Бењамин Керими.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Последни есенски 90 минути: Охрид по потврда на врвот, Новаци и Детонит под притисок, Осогово по голем пресврт

Втората лига денес го носи 13. коло со различни влогови: борба за есенското лидерство, можност за напредок во средината и неизвесна завршница околу...

Прва лигаФудбал

Стевковски: Знаејќи го нивниот квалитет, но и нашиот, очекувам интересен натпревар, неизвесен до самиот крај, ќе се бориме за победа до последната секунда

Битка за местото број два ќе се игра денеска во Кавадарци. Тиквеш, екипа која е во одлична форма, на мегдан против тетовска Шкендија,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Унирсити ја доби голеадата со Јувентус Серава, хет-трик на Исмет Цека

СЕЕ Университи ја забележа првата сезонска победа откако во рамките на воведниот...

ФудбалФутсал

Шутка 1 со убедлива победа над Фудбал Старс од Кочани, дебитантот постигна шест гола

Шутка 1 стигна до својата трета сезонска победа откако синоќа на домашен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!