Прва лигаФудбал

Вардар по три бода против Арсими, шампионот подготвен за гостувањето во Гостивар

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Фудбалерите на актуелниот првак Вардар сѐ уште добро се сеќаваат на поразот од Арсими на ланското гостување во Гостивар и ќе сторат сѐ тоа да не се повтори.

По поразот од Тиквеш на домашен терен, вардарци сакаат да се вратат на победнички патеки и подготвени се да одиграат квалитетен меч.

„Подготвени сме и патуваме во Гостивар по три бода“, порачуваат од таборот на шампионот.

Вардарци ќе бидат максимално внимателни и нема да ги залаже лошата форма на Арсими во првенството. Противникот има четири последовни порази во шампионатот, а по вчерашниот триумф на Скопје падна и на последната позиција на табелата.

Натпреварот меѓу Арсими и Вардар ќе се одигра на Градскиот стадион во Гостивар со почеток во 12 часот, а ќе го суди Стојанче Стојанов.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Последни есенски 90 минути: Охрид по потврда на врвот, Новаци и Детонит под притисок, Осогово по голем пресврт

Втората лига денес го носи 13. коло со различни влогови: борба за есенското лидерство, можност за напредок во средината и неизвесна завршница околу...

Прва лигаФудбал

Стевковски: Знаејќи го нивниот квалитет, но и нашиот, очекувам интересен натпревар, неизвесен до самиот крај, ќе се бориме за победа до последната секунда

Битка за местото број два ќе се игра денеска во Кавадарци. Тиквеш, екипа која е во одлична форма, на мегдан против тетовска Шкендија,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Унирсити ја доби голеадата со Јувентус Серава, хет-трик на Исмет Цека

СЕЕ Университи ја забележа првата сезонска победа откако во рамките на воведниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!