Прва лигаФудбал

Брегалница со бод од Чаир, Шкендија Арачиново жали за пропуштените шанси

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Шкендија Арачиново и Брегалница ремизираа без голови (0:0) на „Чаир“ во воведниот натпревар од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига. Штипјани можат да бидат задоволни од освоениот бод, додека арачиновци имаат причина да жалат за нереализираните можности.

Првата посериозна закана пристигна во 15. минута, кога Дашмир Елези со удар од дваесетина метри ја погоди стативата. Одбиената топка заврши кај Николче Шаркоски, чиј удар помина за малку покрај голот на Брегалница.

Во продолжението од првото полувреме двете екипи имаа свои обиди, но без конкретен ефект.

Шкендија Арачиново со офанзивен пристап го започна и второто полувреме. Марко Симоновски и Бесир Демири се обидоа со удари од далечина, но недостигаше прецизност во завршницата.

Брегалница беше блиску до негатива во 59. минута, кога Хаџи-Кимов за малку ќе ја затресеше сопствената мрежа, но голманот Кевин Заов интервенираше во последен момент.



Само две минути подоцна Демири повторно се закани со силен удар, кој заврши непосредно покрај голот на штипјани.

До крајот на натпреварот Симоновски и Демири имаа дополнителни обиди да ја нарушат резултатската рамнотежа, но мрежите на „Чаир“ останаа недопрени.



За стратегот на „сините“ Џенгин Реџепи, ова беше деби со реми, а пак Кевин Заов дебитираше во Првата македонска фудбалска лига, сочувајќи ја чиста мрежата на Брегалница.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија убедливо ја совлада Финска со 31:24, Италија е следната проверка пред ЕП

Македонската ракометна репрезентација го отвори подготвителниот турнир во Анкара со победа од 31:24 над Финска. Избраничките на Игор Марковиќ изградија пет гола предност...

Ракомет

ФОТО: Алкалоид отпатува со плус девет, ефикасноста од Скопје е мерка за реваншот во Велење

Ракометарите на Алкалоид денеска, отпатуваа за Словенија, каде в недела од 18:00 часот ќе го одиграат реваншот против Горење Велење во третото коло...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја прекина соработката со Валентин Кочоски поради непрофесионално однесување

Лидерот во Втората македонска фудбалска лига, Охрид, во пресрет на последното есенско...

Прва лигаФудбал

Варадиновски го прероди Скопје: „Пиратите“ го освоија Куманово и фаќаат залет за директен опстанок!

Младиот штипски стратег Иван Варадиновски ја донесе втората радост за Скопје, откако...

Втора лигаФудбал

Влатко Илиоски ќе им суди на Осогово и Охрид, Крумислав Ѓоргиев главен во Радовиш, Качевски оди во Тетово

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за сите седум натпревари...

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Тиквеш и Шкендија, познати судиите за 15. коло

Фатмир Бафто е делегиран за главен судија на дербито меѓу Тиквеш и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!