Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Сподели
ФОТО: ШК Каменица Саса
Сподели



Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за деца и млади, кое се одржа во Македонска Каменица. Четири деца од семејството Бурнс успеаја да освојат шампионски титули во различни возрасни категории, испишувајќи убава приказна во македонскиот шах.

Првенството се одржа во мотелот „Мерак“, во организација на Шаховската федерација на Македонија, а домаќин на натпреварувањето беше Шаховскиот клуб Каменица Саса.

Михаел Бурнс, член на ШК Капабланка од Скопје, го освои првото место во машка конкуренција до 18 години, а воедно стана и севкупен шампион на Македонија во оваа возрасна категорија.

ФОТО: ШК Каменица Саса

Неговата сестра Елисавета Бурнс, која настапува за ШК Гамбит Асеко од Скопје, ја освои шампионската титула во женска конкуренција до 16 години, додека Кајла Бурнс, исто така членка на ШК Гамбит Асеко, триумфираше кај девојчињата до 14 години.

Успехот на семејството го заокружи Џошуа Бенџамин Бурнс од ШК Капабланка, кој стана државен првак во машка конкуренција до 10 години, освојувајќи го и признанието за севкупен шампион на Македонија во оваа категорија.



Со четири освоени титули на едно државно првенство, семејството Бурнс го одбележа историското прво издание на ова натпреварување.

ФОТО: ШК Каменица Саса

Покрај успехот на семејството Бурнс, на првенството беа крунисани и останатите државни шампиони во машка и женска конкуренција, во шест возрасни категории.

Машка конкуренција

  • До 18 години: Михаел Бурнс – ШК Капабланка, Скопје
  • До 16 години: Андреј Божиновски – ШК Алкалоид, Скопје
  • До 14 години: Даниел Стефановски – ШК Капабланка, Скопје
  • До 12 години: Јован Вукашиновиќ – ШК Алкалоид, Скопје
  • До 10 години: Џошуа Бенџамин Бурнс – ШК Капабланка, Скопје
  • До 8 години: Дино Ашковски – самостоен натпреварувач

Женска конкуренција

  • До 18 години: Теодора Ѓорѓиеска – ШК Прилеп, Прилеп
  • До 16 години: Елисавета Бурнс – ШК Гамбит Асеко, Скопје
  • До 14 години: Кајла Бурнс – ШК Гамбит Асеко, Скопје
  • До 12 години: Дина Панова – самостојна натпреварувачка
  • До 10 години: Христина Спирокоска – самостојна натпреварувачка
  • До 8 години: Ева Цоцовска – ШК „64“, Берово

Македонска Каменица домаќин на историското прво првенство

Со организацијата на првото државно првенство во забрзан шах за деца и млади, Македонска Каменица доби значајно место на шаховската карта на Македонија.



Шаховскиот клуб Каменица Саса ја имаше улогата на домаќин, овозможувајќи младите шахисти од различни клубови да се натпреваруваат за првите државни титули во оваа дисциплина.

ФОТО: ШК Каменица Саса

Првенството претставува важен чекор во развојот и популаризацијата на забрзаниот шах меѓу најмладите, а освоените титули се дополнителен поттик за младите таленти да продолжат со своето шаховско усовршување.

Највпечатливата приказна од Македонска Каменица, сепак, останува успехот на семејството Бурнс, чии четири млади шахисти од едно натпреварување се враќаат со четири државни шампионски титули.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за деца и млади, кое се одржа во Македонска Каменица. Четири деца...

Младински фудбалФудбал

Нова фудбалска школа во општина Чашка: Академија Јордановски ги отвора вратите за младите фудбалски таленти

Општина Чашка доби нова фудбалска академија, која има за цел да им овозможи на најмладите да ги направат своите први фудбалски чекори, да...

Поврзани написи
Останато

Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...

Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!