Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во вечерашната пресметка од четвртото коло во Европската лига на ЕХФ.
Битолчани ќе мора да се справат без голманот Саид Хаидаридад, па товарот меѓу стативите ќе го понесат Никола Митревски и Давид Брестовац. Германскиот состав, пак, во Битола пристигнува без Никола Рогановиќ.
За избраниците на Лино Червар ова е исклучително важен натпревар во борбата за продолжување на европскиот настап. Пелистерци имаат еден освоен бод, додека Гумерсбах е на врвот во групата со четири бода.
Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ започнува во 20:45 часот.