ФудбалФутсал

Каршиака го доби дербито на колото, Шутка 1 даде 15 гола, а Овче Поле се враќа со три бода од Прилеп

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река од Кавадарци.

По првите дваесет минути резултатот беше 2:2 откако гостинот прв дојде до предност преку Стојан Петковски, а Енис Мемеди израмни, по што следуваат два гола пред крајот на првиот дел, а погодија истите фудбалери по вторпат.

Во вториот дел за домаќинот двоен стрелец беше Онур Емини, а по еднаш Бранко Ѓуровски, Бурим Касами и Бујамин Асани беа стрелци, кај Црна Река хет-трик во вториот дел забележа Даниел Миловановиќ.

Дебитантот Шутка 1 стигна до својата втора сезонска победа откако на домашен терен со неверојатни 15:2 го декласираше Кратово со што трите бодови останаа во Шуто Оризари. Амет Бајрам и Армандо Алијевиќ постигнаа по три гола во високата победа, а пак двојните стрелци беа Реџеп Бислим, Несим Сулејман и Сантијаго Ариф, а по еден гол постигнаа Абдула Бахтијан, Керим Мамуд и Емрах Селим.

За гостинскиот тим стрелци беа Лука Давитковски и Мартин Мишевски, а погодоците беа постигнати во првиот дел.

Овче Поле ја доби голеадата во Прилеп и во Свети Николе се враќа со три бода, откако со 3:5 ја доби Победа. Никола Стојковиќ во 13. минута донесе предност за гостинот, а по една минута Нермин Каришик израмни на 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Икица Јованов донесе нова предност за Овче Поле од 1:2, а веднаш Миле Талески израмни на 2:2, а по него Аки Мемедалиев погоди за 2:3, а погодоците беа постигнати во три минути.

Со втор гол на Стојковиќ во 38. минута Овче Поле имаше предност од 2:4, но следуваше одново вистинска драма. Методија Пуличоски во 39. минута погоди за 3:4 и ја врати неизвесноста за трите бодови, откако во 40. минута Иван Трајков ги реши сите дилеми со гол за конечни 3:5.

Колото се затвара вечерва со дуелот меѓу фаворитот Балкан и Фудбал Старс во 20 часот.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Словенија е компактна селекција и излегува моќно од дефанзива, но верувам дека со карактер можеме да дојдеме до трите бода

Македонската фудбалска репрезентација утревечер  со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекцијата на Македонија до 19 години минимално поразена од Швајцарија

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир од Б лигата, репрезентацијата на Македонија е совладана од Швајцарија со 1:0. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!