Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје и значајни бодови за Струга во борбата за подобра позиција на табелата.

 

Прилеп – Мулти Есенс 34-24

Прилепчани ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до убедлив триумф, иако гостите од Скопје во почетните минути беа рамноправен противник. Пресвртот го направи серијата од осум последователни гола на домашниот состав, кој на паузата веќе имаше солидна предност од 19-10. Во продолжението рутински ја контролираше играта и ги освои новите бодови. Никола Шипинкоски со 11 погодоци беше прв стрелец кај победникот, а Андреј Стојановски додаде осум. Кај Мулти Есенс најефикасен беше Јован Петрески со исто така осум гола.

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 27-26

Бутел Скопје ја запиша втората победа сезонава во натпревар со неизвесност до последниот напад. По израмнетото прво полувреме (12-12), ниту една екипа не успеа да се одлепи на поголема разлика. Во самиот финиш Субашевски донесе предност за Бутел, но битолчани возвратија за 26-26. Сепак, домашните имаа време за уште еден напад, а Матеј Марковски на само четири секунди до крајот го постигна победничкиот гол. Лука Јовиќ беше предводник на Бутел со 11 погодоци, додека кај гостите Давид Димевски реализираше исто толку.

Струга – МРК Куманово 27-23

Стружани освоија значајни бодови во директната битка на екипите од долниот дел на табелата. По минималното водство на домаќините на полувремето (10-9), продолжи израмнетата борба, но одлучувачкиот момент пристигна во последните седум минути. Никола Јукиќ презеде одговорност и со три последователни погодоци помогна Струга да го обезбеди триумфот. Тој беше и најдобар стрелец на средбата со осум гола, додека голманот Мартин Јовановски запиша 15 одбрани. Кај Куманово, Омар Солиман постигна девет погодоци, а Григор Трајковски имаше 11 интервенции.

По десет одиграни кола, Прилеп има десет бодови и се наоѓа на шестото место, Струга стигна до девет, додека Куманово останува на три бода. Бутел, пак, со вториот сезонски триумф ја продолжи битката за подобар пласман.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот клупски ракомет и во регионални рамки. Според статистичкиот преглед на „Балкан...

Поврзани написи
Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

Ракомет

Вардар и Алкалоид приредија дерби со голема борба, црвено-црните го задржаа максималниот ефект!

Градското дерби меѓу Вардар 1961 и Алкалоид донесе квалитетен ракомет, високо темпо...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!