Ракомет

Вардар и Алкалоид приредија дерби со голема борба, црвено-црните го задржаа максималниот ефект!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Градското дерби меѓу Вардар 1961 и Алкалоид донесе квалитетен ракомет, високо темпо и неизвесност во најголемиот дел од натпреварот. Двата состави имаа свои добри периоди, а Алкалоид долго беше рамноправен противник на лидерот, но во завршните петнаесетина минути искуството и поефикасната реализација на вардарци направија разлика за конечни 36-31.

Алкалоид покажа дека може да му парира на актуелниот шампион, одржувајќи резултатска неизвесност и во второто полувреме. Двата тима се менуваа во ритамот, а резултатот остана отворен до моментот кога при 26-25 за Вардар следуваше клучниот период од средбата.

Вардар тогаш ја искористи серијата грешки и падот во нападот на противникот, па со шест последователни погодоци направи значителна разлика. Дополнителен проблем за Алкалоид беше исклучувањето на Иван Џонов, додека на спротивната страна Васил Гогов со неколку важни интервенции помогна предноста да се зголеми на 31-26.

До крајот гостите не успеаја да ја вратат неизвесноста, иако продолжија да се борат за поповолен резултат. Матео Фадуил беше максимално ефикасен кај Вардар со 10 реализации од 10 обиди, Вукашин Воркапиќ постигна шест гола, а Васил Гогов имаше важна улога во клучните моменти.

Кај Алкалоид, Никола Костески беше најдобар стрелец со осум погодоци, додека Марко Митев го заврши натпреварот со седум. На голманската позиција Марко Кизиќ запиша четири одбрани, а Иван Галевски една.

Со овој триумф Вардар 1961 го задржа максималниот учинок и по десет одиграни кола, но дербито покажа дека Алкалоид има квалитет и капацитет да се надигрува со најдобрите во лигата. Резултатот му припадна на лидерот, но натпреварот понуди вистинска дерби-претстава со конкурентен Алкалоид и силен отпор до самиот финиш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон нов успех во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде литванскиот претставник Драгунас...

Ракомет

Вардар и Алкалоид приредија дерби со голема борба, црвено-црните го задржаа максималниот ефект!

Градското дерби меѓу Вардар 1961 и Алкалоид донесе квалитетен ракомет, високо темпо и неизвесност во најголемиот дел од натпреварот. Двата состави имаа свои...

Поврзани написи
Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!