Втора лигаПрва лигаТрета лигаФудбал

ПРИЈАТЕЛСКИ: Пораз за Брегалница од Силекс во Штип, Новаци и Вардар убедливи!

Сподели
Сподели

Македонските прволигаши и второлигаши репрезентативната пауза ја користат за одигрување на пријателски натпревари, а пак второлигаши ќе имаат екстра пауза и следниот викенд, поради настап на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија.

Ваквиот долг период без натпревари мора да биде искористен за одигрување на пријателски натпревар со цел да се одржува формата за продолжението од натпреварот.

Брегалница на Градски во Штип одигра пријателски меч со прволигашот Силекс кој го загуби со 1:2.

Двата погодоци за Силекс ги постигна Ади Алиќ, а за „сините“ Иванов од пенал погодиц за конечните 1:2.

Новаци со 4:0 славеше над третолигашот Влазерими во меч каде второлигашот хет-трик постигна Бобан Здравевски, а пак еден гол беше дело на Стефан Јованоски.

Вардар со 0:4 триумфираше над некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, кој сега настапува во Трета лига – Север на пријателски меч. Сите четири погодоци паднаа во првиот дел од мечот, а стрелци на истите беа Омерагиќ, Закариќ кој беше двоен стрелец и Николовски.

Вардар на овој меч настапи со два состави, еден во првиот дел, и комплетно нов во вториот дел од мечот.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!