Ракомет

Шампионот тргна победнички, Охрид сигурен и убедлив против повратникот, „лудница“ во Прилеп!

Сподели
Сподели

Денес се одиграат пет натпревари од првото воведно коло на ракометната Суперлига, по изненадувањето на новајлијата Бисинов кој ја имаше деби победа над Струга од 30:31 за што веќе објави Спорска Мрежа и Бутел Скопје тргна со убедлива победа над Куманово со 29:12.

На стартот од сезоната и едно реми откако Прилеп и Пролет одиграа 30:30 и ги поделија бодовите.

Во текот на целиот меч водството се менуваше се играше гол за гол, а тоа донесе особено во финишот од натпревар неизвесност. Интересно е тоа што во последните минути од натпревари и двете екипи не реализираа по неколку напади, па со тоа и конечниот исход беше 30:30.

Биковски со шест гола беше најдобар кај Прилеп, а Квастек постигна пет, кај Пролет најдобар со десет погодоци беше Василевски.

Охрид со убедлива победа од 18:36 над повратникот Радовиш ја започна новата сезона во Суперлигата, во која „гладијаторите“ влегуваат со високи цели односно одново обезбедување на место во Европа, но оваа година ќе се вмешаат и во трката за титулата.

Момците на Алушовски уште во првиот дел ги решија дилемети за победникот во СРЦ „25-мај“, а резултат беше 8:18. Во вториот дел само рутина за охридските „гладијатори“ за конечни 18:36 или плус 18.

Најдобар кај Охрид беше Ојлески со седум гола, а Бојаниќ имаше пет. За радовишани најпрецизен беше Постолов со седум гола.

Шампионот Еурофарм Пелистер преку пресврт го совладаа Тиквеш во Кавадарци и победнички ја започнаа сезоната но и одграната на титулата во домашното првенство.

Битолчани одново важат за главни кандидати за освојување на титулата во Суперлигата.

Во првиот дел не одеше според очекуваното и посакуваното кај битолачни, а Тиквеш имаше водство, а на полувреме беше 17:15. Во вториот дел Еурофарм Пелистер беше многу подобар, па така гостинот од Битола дојде и до комплетен пресврт и триумф од 27:31.

Кај победникот најдобар беше Жарко Пешевски со осум гола, а кај Тиквеш Кристијан Атанасовски и Ани Обина имаа по пет гола.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!