Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Сподели
ФОТО: ФПСМ
Сподели

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно оспособување, организира серија едукативни предавања посветени на безбедното планинарење во зимски услови, со цел подигнување на свеста и унапредување на знаењата кај планинарите.

Ниските температури, снегот, мразот и променливите временски услови претставуваат сериозен предизвик при планинарските активности, поради што соодветната подготовка, опремата и познавањето на планинските опасности се од особено значење.

Во рамките на предавањата, учесниците имаат можност да стекнат практични и теоретски знаења за планирање планинарски акции, процена на ризиците, правилна употреба на зимската опрема, движење по снег и мраз, препознавање опасност од лавини и донесување одлуки во непредвидливи ситуации.

Од Федерацијата нагласуваат дека едукацијата претставува континуиран процес, без оглед на искуството на планинарите, а стекнатите знаења ќе можат дополнително да се надградат преку зимските обуки што во следниот период ќе ги организираат планинарските клубови.

Поради големиот интерес, ФПСМ најавува дополнителни едукативни предавања во Битола, Куманово и Штип, со што овие активности ќе бидат достапни за поголем број љубители на планинарството низ Македонија.



Федерацијата упати благодарност до предавачите Горан Николоски, Ирена Диков, Александар Стојановски и Бобан Стефановски за споделеното знаење и искуство, како и до сите учесници за покажаниот интерес и активното учество.

„Целта на секоја планинарска акција не е само искачениот врв, туку безбедно враќање дома“, е пораката со која ФПСМ ја истакнува важноста на одговорното и безбедно планинарење, особено во зимскиот период.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Дерби на непоразените Каршиака и Црна Река, Балкан по брза рехабилитација, Шутка 1 ќе го пречека Кратово

Три средби ќе се одиграа в сабота, а една во недела, во рамките на 5. коло на Втората футсал лига слободна ќе биде...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно оспособување, организира серија едукативни предавања посветени на безбедното планинарење во зимски...

Поврзани написи
Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!