Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Сподели
Сподели

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното првенство во крос-кантри за 2026 година, во организација на Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб Фортиус.

На првенството учествуваа повеќе од 80 атлетичари и атлетичарки од повеќе македонски атлетски клубови, кои се натпреваруваа во различни возрасни категории, од млади пионери до сениори.

Во сениорска конкуренција, титулите национални прваци ги освоија Адријана Поп Арсова од АК Олимп, која победи на 8.000 метри со резултат 32:09, и Григоријан Никовски, исто така од АК Олимп, кој триумфираше на 10.000 метри со време 32:53.

Кај младите сениорки под 23 години, на 6.000 метри победи Ирма Хајдари од АК Олимп со резултат 25:58, додека во машка конкуренција на 8.000 метри најуспешен беше Бојан Чаприќ од АК Олимп со време 30:31.

Во младинските категории, победи забележаа Дарија Крстевска од АК Олимп на 4.000 метри кај младинките, со резултат 15:43, и Марта Димковска од АК Работнички на 3.000 метри кај младите младинки, со време 14:20. Во категоријата млади младинци, на 4.000 метри победи Валентино Јовановски од АК Аеродром – Скопје со резултат 14:58.

Во пионерските категории, национални прваци станаа Сара Ночевска од АК Олимп на 1.500 метри кај пионерките со резултат 6:18, Антонио Каракабаков од АК Аеродром – Скопје на 2.000 метри кај пионерите со време 7:22, Јана Милојеска од АК Делта на 1.000 метри кај младите пионерки со резултат 3:33 и Дијар Џемаили од АК Камјани на 1.500 метри кај младите пионери со време 5:14.

Комплетен преглед на медалистите по категории

  • Женска конкуренција

Сениорки – 8.000 метри

Адријана Поп Арсова (АК Олимп) – 32:09
Марија Остојчиќ (АККА Скопје) – 39:03
Марија Савковска (АК Аеродром – Скопје) – 39:51
Млади сениорки У23 – 6.000 метри

Ирма Хајдари (АК Олимп) – 25:58



Младинки – 4.000 метри

Дарија Крстевска (АК Олимп) – 15:43
Емили Иваноска (АК Скопски маратон) – 16:36
Софија Коцева (АК Аеродром – Скопје) – 22:07

Млади младинки – 3.000 метри

Марта Димковска (АК Работнички) – 14:20
Сара Пановска (АК Делта) – 14:30
Јана Бангиевска (АК Делта) – 20:39

Пионерки – 1.500 метри

Сара Ночевска (АК Олимп) – 6:18
Теодора Петрушевска (АК Кираџиев Т.С.) – 6:35
Берина Синани (АК Камјани) – 6:46

Млади пионерки – 1.000 метри

Јана Милојеска (АК Делта) – 3:33
Амела Абдији (АК Камјани) – 3:35
Калина Петрова (АК Делта) – 3:42



Машка конкуренција

Сениори – 10.000 метри

Григоријан Никовски (АК Олимп) – 32:53
Игор Трипуновски (АК Скопски маратон) – 34:39
Роберт Андоновски (АК Скопски маратон) – 35:36

Млади сениори У23 – 8.000 метри

Бојан Чаприќ (АК Олимп) – 30:31
Томи Кољевиќ (АККА Скопје) – 32:56
Стефан Негријевски (АК Аеродром – Скопје) – 39:12

Млади младинци – 4.000 метри

Валентино Јовановски (АК Аеродром – Скопје) – 14:58
Владимир Трајанов (АК Олимп) – 15:36
Ермал Исуфи (АК Дрини Старт) – 16:03

Пионери – 2.000 метри

Антонио Каракабаков (АК Аеродром – Скопје) – 7:22
Иван Савески (АК Аеродром – Скопје) – 7:57
Филип Јаневски (АК Делта) – 7:58

Млади пионери – 1.500 метри

Дијар Џемаили (АК Камјани) – 5:14
Андреј Тасевски (АК Работнички) – 5:53
Илин Попоски (АККА Скопје) – 5:58

Атлетската федерација на Македонија упатува честитки до сите национални прваци, освојувачи на медали и учесници, како и до нивните тренери и клубови за постигнатите резултати. Федерацијата изразува благодарност и до Атлетскиот клуб Фортиус за соработката во организацијата и успешната реализација на првенството.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно оспособување, организира серија едукативни предавања посветени на безбедното планинарење во зимски...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното првенство во крос-кантри за 2026 година, во организација на Атлетската федерација...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!