Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров го скрати списокот, еден ракометар отпадна за СП

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. По серијата интензивни тренинзи и одиграните три пријателски натпревари во Србија, селекторот Кирил Лазаров го редуцираше списокот на ракометари. Од првичните 20 имиња, надвор од комбинација остана левиот бек Михајло Младеновиќ, кој се истакнуваше како специјалист во одбраната. Завршните подготовки ќе продолжат со преостанатите 19 играчи.

Следниот тест за репрезентацијата е на 8 јануари против силната селекција на Хрватска во Загреб, со почеток во 20:00 часот. По овој дуел, македонските ракометари ќе имаат време за адаптација во Вараждин, каде што ќе се играат натпреварите од групната фаза и главната рунда.

Македонија во подготовките во Србија забележа две победи против Нови Белград и Динамо Панчево, додека загуби од домашната селекција. На мундијалот, македонските ракометари се дел од групата Д. Првиот натпревар ќе го одиграат против Унгарија на 15 јануари, потоа следи дуелот со Холандија на 17 јануари, а групната фаза ќе ја затворат со меч против Гвинеја на 19 јануари.

Селекторот Лазаров и тимот се подготвуваат со оптимизам и посветеност, надевајќи се на успешен настап на големата сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, Лазаров повика 35 ракометари!

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!