Трета лигаФудбал

Борец го прескокна Големо Коњари, Ултрас со пресврт до 5:3, Питу Гули славеше во Крушево

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Борец со 3:1 го совлада Големо Коњари во Велес и се искачи на второто место во Третата лига – Регион 4. Ултрас се врати од 2:3 на полувремето и го победи Влазними Јуниор со 5:3, а Питу Гули со 3:0 против Росоман 83 се проби на четвртата позиција. На седумте натпревари од 9. коло беа постигнати 40 гола.

Борец – Големо Коњари 3:1

Ердјан Ибраимоски ги доведе гостите во водство уште во 2. минута, а Ангел Гаштев израмни во 12. Големо Коњари остана со играч помалку во 40. минута по црвениот картон на Емир Каришиќ. Пеце Стојанов го реши натпреварот во второто полувреме, со голови во 60. и 75. минута.

Ултрас – Влазними Јуниор 5:3

Четири гола за осум минути го отворија натпреварот во Прилеп. Самир Салиу погоди за гостите во 20. минута, Христијан Баракоски израмни во 23., Аделин Демири донесе ново водство за Влазними во 26., а Баракоски со вториот гол во 27. израмни на 2:2. Мевлан Усеиноски во 41. минута им донесе на гостите предност од 3:2 на паузата. Во вториот дел Филип Димоски израмни во 48., Христи Мицески го доведе Ултрас во водство во 60., а Роберт Димитријески во 87. минута од пенал ги постави конечните 5:3.

Питу Гули – Росоман 83 3:0

Јованчо Бубаќоски го отвори резултатот во 28. минута, а Мартин Талески во 44. зголеми на 2:0. Бубаќоски со својот втор гол во 85. минута ја потврди победата на Питу Гули, кој со овие три бода го прескокна Росоман 83 на табелата.



Саботните натпревари

Венец – Бучин 9:2

Ѓорѓи Шишков и Бојан Миланов постигнаа по три гола уште во првото полувреме. Шишков погоди во 2., 13. и 22. минута, Миланов во 4., 32. и 44., а Јован Лембовски во 18. минута за 7:0 на паузата. За Бучин погодија Маринко Јованоски во 62. и Стефан Бончаноски во 69. минута. Мартин Цветков во 70. и Петар Ристовски во 81. ги постигнаа последните два гола за Венец.

Млекар – Победа Прилеп 0:7

Прилепчани поведоа со автоголот на Јосе Цветаноски во 24. минута, а Роберт Аризанкоски во 43. зголеми на 0:2. По паузата Александар Ристевски реализираше два пенала, во 55. и 69. минута. Иса Санески погоди во 58., Теодор Ѓероски во 71., а Димитар Шаркоски во 75. минута.



Победа Пепелиште – Превалец 2:1

Никола Лазев го доведе Превалец во водство во 33. минута. Душко Пауновиќ израмни од пенал во 54., а Денис Мемков во 90+2. минута го комплетираше пресвртот и ѝ донесе три бода на Победа Пепелиште.

Башкими 2008 – Вардар Неготино 3:1

Бехар Муса погоди во 9. минута, а Енис Јахја во 33. зголеми на 2:0. Дане Митрев две минути подоцна намали на 2:1, пред Александар Јордановски во 68. минута да ја потврди победата на Башкими.

Победа Прилеп остана единствената непоразена екипа и води со 25 бода, седум повеќе од Борец и Венец. Големо Коњари од второто падна на петтото место, а Питу Гули го престигна со подобра гол-разлика. Двете екипи имаат по 16 бода, само два помалку од Борец и Венец. Победа Пепелиште со пресвртот го прескокна Превалец, а Ултрас се доближи на еден бод до велешани. Влазними Јуниор и Млекар сè уште ја чекаат првата победа.

Поз. Екипа Голови Бодови
1 Победа Прилеп 53:2 25
2 Борец 29:9 18
3 Венец 27:10 18
4 Питу Гули 23:13 16
5 Големо Коњари 22:18 16
6 Росоман 83 15:14 14
7 Победа Пепелиште 16:27 13
8 Башкими 2008 14:14 12
9 Бучин 21:30 12
10 Превалец 13:21 11
11 Ултрас 22:27 10
12 Вардар Неготино 17:26 6
13 Влазними Јуниор 17:42 3
14 Млекар 5:41 1



Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!