Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција.
Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина.
Инаку, на телевизискиот пренос наместо официјалната кратенка MKD, стоеше NMKD.