Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Љуботен со победа над Кардиф, македонски клуб после 12 години победи во ЛШ!

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Љуботен со 2:0 славеше во дуелот на поразените на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите над Кардиф со резултат од 2:0. Шампионот од Тетово со двата гола на македонската репрезентативка Хава Мустафа која пред почетокот на новата сезона пристигна од редовите на Шкендија, која се откажа од натпреварување поради проблем со финансиите беше двоен стреец против противникот од Велс.

Мустафа резултатот го отвори во 38. минтуа за водство од 1:0 на полувреме, а во вториот дел печат на победата стави одново Мустафа со гол во 93. минута.

Македонскиот женски фудбал долго време чекаше за триумф во Лигата на шампионите, бидејќи овој триумф на Љуботен доаѓа после 12 години, кога последен пат екипата на Наше Такси во групната фаза од оваа натпреварување славеше со 5:2 над екипата на Сконто.

Во минатото покрај Љуботен настапи во ЛШ имаа Драгон, двапати Каменица Саса како и екипите на Билјанини Извори од Охрид и Кочани.

Мустафа ќе биде големо засилување за новата сезона на Љуботен, кој ќе ја брани титулата во ПЖФЛ, но ќе оди борба и за одбрана на Куп-титулата.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!