Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го загуби првиот меч во новата 2025 година, откако беше поразена во првото коло на ИТФ фјучрсот W35 Најроби. Поуспешна од неа беше Германката Лорена Шедел, во три сета 2-1 во сетови (63 46 62) за два часа и 40 минути игра. Турнирот се игра на земја и за награден фонд од 30.000 долари.
Стоилковска мечот и првиот сет го почна со водство од 3:0 во гемови, но противничката успеа да се врати резултатски и го доби првиот сет со 6:3 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка успеа да се врати и изедначи на 1:1 во сетови откако го освои вториот сет со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет Стоилковска поведе со 1:0 во гемови, но повторно успеа да стигне до „брејк“ предност што и донесе завршница на мечот и пласман во следната рунда.
Македонската тенисерка ја очекува уште еден настап на фјучрс турнир следната недела во Кенија (Најроби), но засега нашата тенисерка е дел од квалификациите на следниот фјучрс.
Виолета Јанчева за Спортска Мрежа