Прва лигаФудбал

Вардар демантира: Немаме потпишано договор со Спахиу, иако преговорите траат!

Сподели
Сподели

Иако на фејсбук страницата на Вардар која со години важи за официјална и каде се објавува информации за клубот, каде беше објавено дека фудбалерот на Тиквеш, Едиз Спахиу е нов играч на Вардар, денес стигна демант од управата на клубот која вели дека нема потпишано договор со Едиз Спахиу, за кого приоритет во моментот е трансфер во странство.

„АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство. Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД, се наведува во соопштението објавено на fcvardar.com.

Покрај екипата на Тиквеш, Спахиу има настапувано и за екипата на Гостивар, како и за младиот тим на Шкендија, а има настапувано репрезентацијата на Македонија до 19 години и до 21 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!