Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Пионерите тргнуваат во регионалната битка – Матлиески избра 16 ракометари за турнирот во Подгорица!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Нов предизвик за најмладата машка ракометна селекција на Македонија- пионерската репрезентација ги започна подготовките за премиерниот турнир од Регионалната лига, на кој ќе ги одмери силите со врсниците од Црна Гора и Косово.

Селекторот Никола Матлиески за оваа акција повика 16 ракометари од југозападниот регион, кои ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите во Подгорица. Регионалниот принцип ќе продолжи и на следниот турнир, кога можност да настапат ќе добијат ракометарите од североисточниот дел на земјата, а домаќин на таа средба ќе биде Македонија.

ФОТО: РФМ

Првиот натпревар нашите пионери ќе го одиграат в петок против домаќинот Црна Гора, со почеток во 18:00 часот. Веќе в сабота ги очекува нов дуел, овојпат против селекцијата на Косово, закажан за 13:00 часот.

Настапите во Регионалната лига ќе бидат можност младите македонски ракометари да стекнат меѓународно искуство, да го покажат својот потенцијал и да направат уште еден чекор во својот ракометен развој.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!