Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Кузмановски верува во ново големо натпреварување: „Посакуваме уште едно учество на ЕП“

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската ракометна репрезентација е пред нов квалификациски предизвик, а амбициите во националниот табор се насочени кон продолжување на низата настапи на големите натпреварувања.

Капитенот Филип Кузмановски смета дека тимот напредува од првенство во првенство и дека созревањето на новата генерација може да биде важен адут во борбата за пласман на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Швајцарија, Шпанија и Португалија.

„Мислам дека Македонија, во изминатиов период, покажа континуитет на големите натпреварувања, и сакаме да го продолжиме тоа. Искрено, мислам дека напредуваме од првенство на првенство, се создаде една нова генерација- позрели сме, поискусни и нормално дека посакуваме сега да обезбедиме уште едно учество на ЕП“

ФОТО: РФМ

Првиот испит за македонските ракометари ќе биде селекцијата на Луксембург, против која досега имаат максимален ефект од шест победи на исто толку меѓусебни средби.

Сепак, капитенот нагласува дека противникот заслужува максимален респект, а добар почеток на квалификациите би бил значаен и за продолжението од ноемврискиот циклус.

„Ние не сакаме да потценуваме ниту еден противник. Максимално сме подготвени и знаеме дека нè очекува еден интересен натпревар, и сакаме во една убава атмосфера и со позитивен резултат, на некој начин, да се подготвиме за дуелот со Грција“- изјави Кузмановски.

ФОТО: РФМ

Македонија утре од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одигра првиот натпревар против Луксембург, а три дена подоцна ја очекува гостување кај Грција. Вториот дуел е закажан за 8 ноември од 16:00 часот во Халкида. Целта е јасна – успешен почеток и чекор поблиску до уште едно учество на европскиот собир.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Напредок Радово со „петарда“, службена победа за Готен, Грозд до лото победа

Грозд прослави лото победа откако на домашен терен со убедливи 7:1 го доби Подгор во меч од 4. коло на Општинската фудбалска лига...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Пионерите тргнуваат во регионалната битка – Матлиески избра 16 ракометари за турнирот во Подгорица!

Нов предизвик за најмладата машка ракометна селекција на Македонија- пионерската репрезентација ги...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Познати арбитрите за првите два предизвици на Македонија во квалификациите за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација ќе има интернационални судиски двојки на почетокот од квалификациската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!