Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако вечерва во „Јасмин“ со убедливи 1:5 го доби Клими со што трите бодови заминаа во Јосифово.
Победата беше најавена уште во првиот дел кога тимот кој минатата сезона ја освои двојната круна без пораз имаше три гола предност. Мартин Тодоровски по две минути игра го отвори резултатот, а потоа во 11. минута од средбата Трајче Димитриев погоди за 0:2.
На една минута пред крајот на првиот дел Адријан Трајков постигна гол за 0:3 пред заминување на пауза.
Во второто полувреме Димитриев постигна втор гол обезбедувајќи високи 0:4 за Проект.
Во 32. минута Давид Крстески погоди за Клими и намали на 1:4, а по само една минута истиот играч си постигна автогол со што беа поставени конечни 1:5.
По четири кола Проект има максимални 12 бодови, а во следното коло шампионот на домашен терен како фаворит ќе се соочи со Железарец.