Трета лигаФудбал

Победа со „шестка“, Саса убедлива во дербито, Малеш до триумф во 90. минута

Сподели
Сподели

Осмото коло во Третата македонска фудбалска лига – Регион 3 донесе 24 гола на пет натпревари. Победа Валандово ја наполни мрежата на Брегалница Делчево, Каменица Саса убедливо ја совлада Академија Огражден, а Хоризонт Турново со пресврт ги освои бодовите во Свети Николе.

Драматична завршница имаше во Берово, каде Малеш славеше со гол во последната минута.

  • Победа Валандово – Брегалница 1926 6:0

Победа го забележа најубедливиот триумф во колото и остана на врвот на табелата. Валандовчани поведоа преку Оливер Маринковиќ во седмата минута, Кирил Коколански зголеми на 2:0 во 23. минута, а Стојанчо Наков од пенал во 27. минута го постави резултатот на полувремето.

Во продолжението Христијан Занов погоди во 60. минута, Коколански со својот втор гол во 71. минута зголеми на 5:0, а Никола Костадинов во 77. минута ја комплетираше „шестката“.

  • Каменица Саса – Академија Огражден 4:1

Каменица Саса оствари значајна победа против екипата од Ново Село и ја намали бодовната разлика во однос на противникот.

Глигорче Ефремов го отвори резултатот во деветтата минута, а Филип Спенџарски во 34. минута обезбеди предност од 2:0 на паузата. Никола Тасев во 57. минута намали на 2:1, но домаќините ја потврдија победата преку Филип Николовски во 73. и Драган Паунов во 81. минута. Саса продолжува без пораз.

  • Овче Поле – Хоризонт Турново 1:2

Хоризонт Турново со пресврт стигна до трите бода на гостувањето во Свети Николе. Тоше Манов уште во втората минута донесе водство за Овче Поле, но Христијан Јованов израмни во 28. минута.

Победничкиот погодок за гостите го постигна Александар Коцев во 59. минута. Турново со овој успех стигна до 12 бодови, три повеќе од Овче Поле.

  • Малеш – Дојранско Езеро 3:2

Најдраматичниот натпревар во колото се одигра во Берово. Дојранско Езеро поведе преку Доне Аргиров во 22. минута, а Марјанчо Пачарски израмни само две минути подоцна.

Филип Зајков во 29. минута повторно ги доведе гостите во водство, но Христијан Чукарски во 43. минута погоди за 2:2 на полувремето.

Одлуката падна во 90. минута, кога Драган Буровски ја затресе гостинската мрежа и му донесе победа на Малеш.

  • Ударник – Карбинци 4:1

Ударник убедливо славеше во Пирава и стигна до втората сезонска победа. Илија Баламов во 12. и Адријан Спасиќ во 20. минута обезбедија предност од 2:0 на полувремето.

Адријан Трајков во 59. и Славе Ризов во 62. минута зголемија на 4:0, а Мирче Натков во 73. минута го постигна единствениот погодок за Карбинци. Нереализиран пенал имаше Трајков во 85. минута. Карбинци останува без освоен бод.

Победа и Академија Огражден имаат по 16 бодови, но валандовчани имаат два одиграни натпревари помалку. Каменица Саса е трета со 13 бодови и, заедно со Победа, останува непоразена.

Одложениот натпревар Победа – Малеш од петтото коло е закажан за 29 ноември.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

(ФОТО) Деби со два гола за Даниел Миловановиќ, „Црна Река експрес“ помина низ Штип и го „прегази“ Мал Ајакс

Ништо од дербито во Штип, Црна Река како „експрес воз“ помина и го „прегази“ Мал Ајакс, откако тимот од Кавадарци со 1:4 беше...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа во македонската Суперлига, откако во натпреварот од деветтото коло беа поразени...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката...

Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа...

Трета лигаФудбал

Караорман на врвот, Крстевски со хет-трик, Баир од 0:2 до победа во 89. минута, реми во Охрид

Караорман го совлада Напредок од Кичево со 2:1 и го заврши осмото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!