Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори 8. коло на Трета лига регион 2.
Херој на единствениот погодок беше Дарио Јакимовски кој погоди во 77. минута со што трите бодови останаа на домашен терен.
Речица ја запиша втората сезонска победа и на своето конто има десет бода, додека пак Влазними останува а дното со три бода.

Колото ќе се комплетира утре со останатите средби. Инаку, се случи пресврт и Победа од Тромеѓа иако првично најави повлекување од натпреварувањето, сепак ќе продолжи да игра и утре ќе се соочи со Пчиња во гости.
Козјак ќе игра против лидерот Куманово во Старо Нагоричане, Јуниор ќе биде домаќин на Академија Осогово, а пак Липково ќе игра со Беса од Слупчане.
