КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот на Македонија, судискиот одбор објави стручно образложение за неколку спорни ситуации, со цел јавноста да добие појасна слика за донесените судиски одлуки.

Во 58. минута беше постигнат гол за домашниот тим, кој според оценката на Судискиот одбор е правилно признаен. Од достапните видео материјали не може да се потврди дека асистентот судија погрешил во проценката за офсајд. На снимката се забележува дека еден од одбранбените играчи задоцнето се повлекува странично од голот, на страната на асистентот судија, со што останува како претпоследен одбранбен играч. Поради тоа, напаѓачот во моментот на додавањето не бил во офсајд позиција, па голот е оценет како регуларен.

Во 77. минута, играчот со број 34 од домашната екипа доби жолт картон. Според Судискиот одбор, карактерот на прекршокот и однесувањето на фудбалерот ја оправдуваат оваа дисциплинска мерка. Интервенцијата не ги исполнувала условите за директен црвен картон, бидејќи не биле утврдени прекумерна сила или бруталност, карактеристики што би укажувале на сериозен груб прекршок или насилничко однесување.

Жолт картон беше покажан и во 89. минута, на играчот со број 4 од гостинскиот тим, по задоцнета и преостра интервенција при обид за играње со топката, со контакт во долниот дел од ногата на противникот. Одборот оценува дека во оваа ситуација немало прекумерна сила ниту загрозување на безбедноста на противничкиот играч, поради што жолтиот картон е соодветна санкција. Дополнително, се посочува дека проценката за тоа на која екипа ѝ припаѓа прекршокот е во надлежност на главниот судија, кој бил во непосредна близина на настанот. Ситуацијата, според оценката, не претставувала пропуштен директен црвен картон.

Судискиот одбор се осврна и на акциите што претходеа на вториот и третиот гол на гостинската екипа. Во тие фази од играта биле забележани контакти за кои постоела можност да бидат досудени прекршоци во корист на домашниот тим. Сепак, главниот судија ги оценил како дозволени дуели, во согласност со критериумот што го применувал во текот на натпреварот, по што играта продолжила и гостите постигнале голови.

Во завршниот дел од образложението, Судискиот одбор нагласува дека секоја ситуација се проценува индивидуално, согласно Правилата на фудбалската игра, земајќи ги предвид интензитетот, начинот и местото на контактот, како и потенцијалната опасност за противничкиот играч.

Според нивната оценка, сите 12 доделени дисциплински мерки на натпреварот биле правилни. Одборот смета дека судискиот критериум бил доследен во текот на целиот дуел, со соодветно управување со играта и играчите, и дека немало судиски одлуки што влијаеле врз текот на натпреварот или конечниот резултат.

На крајот, од Судискиот одбор порачуваат дека нема да отстапат од одлучувањето врз основа на Правилата на фудбалската игра, нагласувајќи ја важноста на еднаков третман за сите, без оглед на притисоците и обидите за влијание.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

Прва лигаФудбал

Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Тиквеш, дербито меѓу Вардар и Струга во понеделник

Дванаесеттата рунда на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!