Бранителот на титулата во Купот на Македонија, Силекс, забележа убедлива победа од 0:3 на гостувањето кај Пелистер во Битола и обезбеди пласман во четвртфиналето од најмасовното фудбалско натпреварување во земјата.
Кратовчани одиграа одличен натпревар и со три постигнати погодоци ја потврдија својата намера да продолжат во одбраната на куп-трофејот. Во центарот на вниманието беше Есмир Хасукиќ, кој двапати се запиша во листата на стрелците, додека еден погодок постигна Никола Манојлов.
Со триумфот во Битола, Силекс ја продолжува својата куп-авантура и останува во трката за нов трофеј. Од друга страна, за Пелистер поразот значи крај на настапите во Купот на Македонија за оваа сезона.