Трета лигаФудбал

Победа на чело во Трета лига регион 4 со плус пет бода повеќе од Борец кој е втор

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Прилепска Победа е на првото место на табелата во Третата македонска фудбалска лига регион 4 со 19 бодови на своето конто, односно прилепчани имаат учинок од шест победи и едно реми, единствен третолигаш кој нема пораз.

За Победа е Борец како второпласиран со 14 бодови, а разликата меѓу двете екипи е пет бода на патот кон првото место кое води кон баражот за Втора лига.

Третопласиран е ланскиот второлигаш Големо Коњари кој има 13 бодови на своето конто, а пак Венец од Долни Дисан е четврти со 12 бодови.

На дното од табелата е Млекар, со еден бод, додека пак Влазними Јуниор е претпоследен со три бодови, а овие две екипи се единствените кои немаат триумф.



Ланскиот второлигаш Вардар Неготино не се прослави многу во тековната сезона, откако по седум кола има една победа, три ремија и три порази и со шест бодови е на 12. место.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ТРЕТА ЛИГА РЕГИОН 4:



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!