Останати репрезентацииРепрезентација

Федерацијата за планинарство организира едукативни предавања за безбедно планинарење во зимски услови

Сподели
ФОТО: Федерацијата за планинарство на Македонија
Сподели

Со цел подигнување на безбедноста на планинарите и намалување на ризиците и несреќите на планините во текот на зимската сезона, Федерацијата за планинарство на Македонија, преку Центарот за стручно оспособување при ФПСМ (ЦСО), организира серија едукативни предавања посветени на безбедното планинарење во зимски услови.

Со доаѓањето на зимата, планините се претвораат во прекрасни, но и исклучително сурови предели, кои бараат посебна подготвеност, соодветна опрема и познавање на предизвиците што ги носат зимските услови. Токму затоа, иницијативата има за цел да им овозможи на планинарите, како на почетниците така и на поискусните, да стекнат клучни теоретски и практични знаења за безбедно движење и справување со опасностите во планината.

Првите две предавања ќе се одржат на 28 октомври и 4 ноември 2026 година, во периодот од 18:00 до 20:00 часот, во зградата на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во сала 5 на приземјето, на булеварот „11 Октомври“ бр. 42 во Скопје.



Предавачи ќе бидат Горан Николоски, член на Комисијата за инклузивно планинарење, и Ирена Диков, член на Комисијата за планинарски водичи. Предавањата ќе бидат посветени на безбедноста, логистиката и психофизичката подготвеност неопходни за планинарење во зимски услови.

Од Федерацијата за планинарство на Македонија истакнуваат дека подигнувањето на свеста и едукацијата се важен дел од заедничката одговорност на сите чинители во планинарската заедница, со цел планинарите да бидат подобро подготвени за зимските предизвици и да се намали можноста за несакани ситуации на планините.

Влезот е слободен, но поради ограничениот број седишта, заинтересираните треба да го пријават своето присуство најдоцна до 12:00 часот на 28 октомври 2026 година. Пријавувањето е на електронската адреса contact@fpsm.org.mk или на телефонскиот број 071 41 65 62.

Со оваа иницијатива, Федерацијата за планинарство на Македонија повикува на поголема едукација, одговорност и подготвеност, со заедничка цел планините да бидат побезбедни за сите љубители на планинарењето.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 15 години ја совлада и Малта на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години оствари победа од 3:1...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!