Ракомет

Ројевиќ за „Спортска Мрежа“: „Многу е потешко да се одбрани титулата отколку да се освои!“ 

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид ја продолжи европската приказна со уште две убедливи изданија во Европскиот Куп на ЕХФ. Актуелниот освојувач на трофејот беше подобар од турскиот Спор Тото во двата натпревари одиграни пред охридската публика, со вкупна разлика од 28 голови, потврдувајќи дека и оваа сезона има сериозни амбиции на меѓународната сцена.

ФОТО: ГРК Охрид

Иако резултатите покажуваат јасна разлика во квалитетот, тренерот Борис Ројевиќ не ги гледа двата дуела само низ призмата на високата победа. Српскиот стратег посочува дека тимот имал и добри и послаби периоди, но најважно е што ја завршил задачата и сега може да го очекува следниот предизвик. Притоа, не заборава дека Охрид го надигра второпласираниот тим од турското првенство.

„Им честитам на моите момци за предноста од плус 28 гола, од двата натпревари. Сепак, станува збор за второпласираната екипа во турското првенство. Имавме периоди со многу добра игра, но и периоди во кои игравме послабо, што е составен дел од еден двомеч, особено во делот кога имавме голема предност. Сега го чекаме ждребот во вторник. Се надеваме на добра ждрепка и пласман понатаму. Има многу квалитетни екипи и се надевам дека ждрепката ќе ни биде наклонета, за да стигнеме што подалеку“, вели Ројевиќ за „Спортска Мрежа“.

ФОТО: ГРК Охрид

Одбраната на европската круна е потешка од освојувањето

Охрид минатата сезона испиша историја со освојувањето на Европскиот Куп на ЕХФ, но новата сезона носи поинакви предизвици. Сега „гладијаторите“ не се тимот што ја брка првата европска круна, туку екипа од која се очекува да го повтори големиот успех. А кога еднаш ќе се стигне до врвот, секој следен чекор носи дополнителна тежина.

Ројевиќ е свесен дека патот до одбрана на трофејот може да биде уште потежок од минатогодишниот поход. Сепак, не сака неговите играчи да бидат оптоварени со резултатот што мора да го остварат. Наместо тоа, фокусот останува на секој следен натпревар и на можноста чекор по чекор да се стигне до ново големо достигнување.

„Знаете како, многу е потешко да се одбрани титулата отколку да се освои, многу, многу потешко. Но, немаме некаков голем притисок дека нешто мораме да направиме. Ќе одиме од натпревар во натпревар, па ќе видиме. Оваа сезона има многу, многу добри екипи, но ќе се обидеме да продолжиме понатаму и да оствариме добар резултат, па ќе видиме“, истакнува тренерот на охриѓани.

ФОТО: ГРК Охрид

Нов состав, исти амбиции: може ли Охрид повторно до трофејот?

Минатогодишниот европски успех беше дело на екипа во која значаен придонес имаа и ракометари кои повеќе не се дел од тимот. Реј Моралес, Косуке Јасухира, голманот Кристијан Пилиповиќ, Прибетиќ, Кукуловски, Бојаниќ и други играчи го одбележаа претходниот поход, но оваа сезона Охрид гради нова приказна со поинаков состав и нови квалитетни засилувања. Оттука се наметнува прашањето дали и покрај промените, тимот има доволно квалитет и ширина за повторно да се бори за европскиот трофеј.

ФОТО: ГРК Охрид

Ројевиќ признава дека сè уште не ги познава целосно можностите на сите противници, а европската конкуренција станува сè посилна. Како пример ја посочува и полската екипа за која, како што вели, не биле целосно запознаени со финансиските можности и квалитетот. Според него, во денешниот ракомет е речиси невозможно да се следат сите случувања и да се има целосна слика за секој ривал.

„Знаете што, можеби сè уште не сум целосно запознаен со составите на сите екипи. Еве, сега се појави една полска екипа за која не ни знаевме дека има буџет од три милиони и дека навистина станува збор за врвна екипа. Буквално е невозможно да ја следиш цела Европа и да знаеш што се случува насекаде. Имаат и тренер кој ја освоил Лигата на шампионите. Покрај тоа, гледаме дека Бешикташ..или Тримо Требње играат одличен ракомет и дека веќе пет-шест години градат екипа. Војводина има одличен состав, исто така и Алкалоид, Темишвар, Олимпијакос… Значи, станува збор за исклучително квалитетно натпреварување и нема да ни биде лесно. Особено кога ќе помине можеби уште едно коло и кога квалитетот дополнително ќе се концентрира, тогаш ќе биде навистина исклучително тешко“, објаснува Ројевиќ.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Охрид, значи, не влегува во новата европска сезона со гаранции, туку со предизвик да докаже дека минатогодишниот успех не бил случаен. Заминувањата донесоа промени, но амбицијата останува, а двомечот со Спор Тото покажа дека тимот има потенцијал да продолжи напред. Сега следува нова ждрепка, нов противник и нова можност „гладијаторите“ да ја продолжат приказната што минатата сезона ја направи цел Охрид горд. Одбраната на европската круна нема да биде лесна, но токму затоа секој следен чекор ќе има посебна тежина.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен на врвот во ПЖФЛ, Вардар е во победничка форма, Речица и Кочани во „мртва трка“ за опстанок

По десет одиграни кола во Првата женска фудбалска лига има идеална шанса да се стави „лупа“ на табелата и на тоа како досега...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Исправни судиски одлуки на натпреварот Тиквеш – Башкими

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш и ФК Башкими во неколку ситуации беа донесени правилни одлуки на судиите на теренот и потврда од ВАР-собата...

Поврзани написи
Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!