Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат со 32-18, и се пласираа во следната рунда од натпреварувањето.

По победата од 31-22 во Скопје, избраниците на Кирил Лазаров уште еднаш ја потврдија разликата во квалитет и со нов триумф ставија печат на успешниот двомеч. Алкалоид одигра одлично и на гостувањето, не дозволувајќи му на противникот да ја загрози неговата предност.

Никола Костески беше најрасположен во македонскиот состав со седум погодоци, додека Сухолежник го заврши натпреварот со пет гола.

Алкалоид го продолжува европскиот пат, а по двете убедливи победи над австрискиот претставник, со самодоверба го очекува следниот предизвик во ЕХФ Европскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!