Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот од 36-24 на првиот натпревар, македонскиот претставник славеше и на реваншот со 38-22, со што продолжи сигурно кон одбраната на европскиот трофеј. Меѓу најзаслужните за новиот триумф беше голманот Бојан Блажески, кој забележа 11 одбрани.

Блажески, во изјава за Спортска Мрежа, смета дека Охрид одиграл одлични два натпревари, а големата предност му овозможила на стручниот штаб да ротира со составот и да им даде шанса на повеќе ракометари. Тоа е особено важно во густиот распоред, бидејќи „гладијаторите“ веднаш се враќаат на обврските во домашното првенство.

„На овие два меча, мислам дека изигравме еден одличен ракомет. Направивме одлична предност- и на едниот и на другиот натпревар. Имавме можност да ротираме, сите да добиеме шанса и мислам дека супер го искористивме тоа. Некои играчи, исто така добија и одмор, бидејќи немаме многу време за славење. Сега ни претстои и домашното првенство, играме веќе во вторник, а потоа и во сабота..така што, честитки до момците.“

ФОТО: ГРК Охрид

Голманот на охриѓани нагласува дека освоениот европски трофеј од минатата сезона не создава дополнителен притисок во тимот. Наместо да размислуваат однапред за можноста да го повторат успехот, ракометарите се фокусираат на секој следен предизвик, свесни дека покрај европските обврски ги очекуваат и натпревари во Регионалната лига, Купот на Македонија и домашното првенство.

„Искрено, немаме притисок од ланскиот освоен трофеј, гледаме од меч за меч, да го чекаме следниот противник, па се надеваме дека ќе го повториме успехот од претходната година, меѓутоа не ни е тоа притисок, бидејќи сепак, играме и Регионална лига, имаме и Куп на Македонија и домашно првенство и ЕХФ Купот. Само мислиме од натпревар за натпревар..и тоа е тоа.“- изјави Блажески за Спортска Мрежа.

Со двата убедливи триумфи над Спор Тото, Охрид го обезбеди пласманот во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп и сега може да се насочи кон домашните предизвици. „Гладијаторите“ продолжуваат со амбиции за нова успешна европска сезона, но, како што посочува Блажески, нивниот фокус останува на следниот натпревар.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со...

Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!