Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Сподели
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21 го совладаа Младост 1977 од Богданци во натпреварот од осмото коло во Суперлигата. Со новите бодови, битолчани во добра форма го очекуваат големото дерби со Вардар 1961, кое ќе се игра во следното коло.

На полувреме Еурофарм Пелистер имаше висока предност од 16-6. Во продолжението домашниот состав ја задржа контролата и без проблеми ја потврди победата.

Филип Кузмановски со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, Цветан Кузманоски постигна шест, додека Серафимов и Атанасијевиќ придонесоа со по пет погодоци. Кај Младост 1977 најрасположен за игра беше Владимир Бојаниќ, кој натпреварот го заврши со осум гола.

По осум одиграни кола, Еурофарм Пелистер има седум победи и едно реми, додека Вардар 1961 е на врвот со максимални осум победи од осум натпревари.

Младост во следното коло против Тиквеш на домашен терен ќе ја бара својата прва сезонска победа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со...

Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!