Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Сподели
Сподели

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа, сега се соочува со резултатска криза откако тимот од Штип претрпе трет пораз во низа, а овој пат во рамки на 7. коло на Првата ракометна лига загуби од Овче Поле на домашен терен со 24:27.

Гостинот од Свети Николе подобро влезе во натпреварот со водство од 1:5, а потоа имаше и 6:12 по некаде 23 минути игра. На полувреме Овче Поле замина со предност од 9:15 и веќе беше најавена победата.

Во вториот дел штипјани се обидува да се вратат најблиску беа до 17:18 односно гол негатива, но потоа одново Овче Поле се одлепи на 18:21. Последниот обид за штипјани беше при 20:21 и 21:22, а потоа Овче Поле влезе во одлична завршница со славје од 24:27.



Кај Овче Поле прво име беше Кирил Буровски со осум гола, а го следеше Филип Петровски со седум гола. Кај Текстилец УГД прво име беше Дарио Јорданов со седум гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!