Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода.
Шкендија посакува да го повтори успехот од второто коло, кога на гостувањето во Скопје славеше убедлива победа од 2:0. По триумфот над Скопје, атмосферата во тетовскиот табор е позитивна, а амбициите пред дуелот со Вардар се јасни. Голманот Бабукар Гаје ги истакна очекувањата на својот тим пред новата пресметка со големиот ривал.
„Имам целосна доверба во сите во тимот, но тоа мора да го потврдиме таму каде што е најважно — на теренот. Не само на тренинзите, туку на секој натпревар и во секоја секунда! Мора максимално да ги користиме шансите што ги создаваме, бидејќи кога постигнуваш голови, фудбалот станува многу полесен. Моја примарна задача е да ја сочувам мрежата недопрена. Се надевам дека таа серија ќе започне уште денеска, бидејќи тоа ни недостигаше во последните недели. Владее одличен дух во екипата, го имаме оној внатрешен мотив кој е од пресудно значење и верувам дека ќе ги освоиме сите три бода“, порача Гаје.