Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да излезат од кризата и да се извлечат од дното на табелата. За тоа се потребни позитивни резултати, а напаѓачот Виктор Ангелов се надева дека Скопје може да направи изненадување на денешното гостување крај Струга.
„Имаме негативна серија, но мора да се напомене дека на последните неколку натпревари игравме добро и само некои наши грешки беа пресудни за поразите. Работевме напорно оваа седмица и се надеваме дека ќе успееме да ставиме крај на лошиот период и ќе отпочнеме позитивна серија. Струга Трим Лум е силен тим, посебно квалитетно играат пред своите гледачи, но ако успеавме да одиграме 1-1 на првиот меч во Скопје, зошто да не останеме непоразени и на овој дуел“, вели Виктор Ангелов.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Скопје е закажан на пладне со почеток од 12:00 часот на Градскиот стадион во Струга, а ќе го суди Благојче Ралевски.