Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од 36:24 резултат над турскиот Спор Тото.
Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа одличен натпревар, уште во првото полувреме беше најавена победа, откако на полувреме во „Билјанини Извори“ резултатот беше 18:10 за Охриѓани.
Во вториот дел „гладијаторите“ на Ројевиќ само ја потврдија победата со резултат од 36:24.

Прво име кај Охрид беше Доминик Мате со 10 гола, Дарко Ѓукиќ имаше шест гола, кај Спор Тото осум гола постигна Илкај Келесоглу.

Утре се игра реванш натпреварот меѓу двете екипи со почеток од 18:30 во спортската сала „Билјанини Извори“, со што Охрид со голема предност и како апсолутен фаворит влегува и на овој меч за да ја потврди победата и пласманот во следната фаза од ЕХФ Европскиот куп.

