Амбициозниот третолигаш Шкендија од Арачиново промовираше ново засилување за пролетната полусезено, но главно за баражот за влез во Втора лига, што е главна цел на овој тим.
Станува збор за 23-годишниот Бесир Бафтијар, централен играч за врска, поранешен репрезентативец на Македонија до 19 години.
Бафтијар во минатото настапуваше за Гостивар, а во Шкендија Арачиново носи и меѓународно искуство како играч на Спартак Прага од Чешка.
Бафтијар потпиша шестмесечен договор со Шкендија Арачиново, која е есенски шампион во Трета лига – Север.