Прва лигаФудбал

Четири големи странски засилувања во Воска Спорт: Играчи од Финска, Јапонија, Словенија и Турција!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

По разделбата со девет фудбалери, охридскиот прволигаш Воска Спорт ангажираше четири нови странски засилувања, дознава Спортска Мрежа.

Во Воска Спорт приста турскиот голман Халил Багчи, кој доаѓа од турскиот тим Газиантеп, 21-годишникот има настапувапе и за Хелсинки и Салон во Финска, као и за младинските категории на Анкарагуџу од Турција.

Нов играч во Воска Спорт е и Јапоенцот Таики Когајама, 28-годишникот доаѓа од редовите на шведскиот тим Сундсвал, а има настапувано за екипи во Грузија, Малезија, Финска и родната Јапонија.

Филип Валенчиќ е нов играч на Воска Спорт, 32-годишниот интернационалец од Словенија во Охрид доаѓа од тимот на Хонка од Финска, има настапувано за повеќе екипи од Словенија, Инталија каде беше дел од тимот на Монза, Финска, Норвешка, Белорисија каде настапуваше за Динамо Минкс, а имаше настапи и во Полска.

Туре Сиира e исто така засилување во Воска Спорт, 30-годишниот фудбалер од Финска доаѓа од тимот на Хака, а овој трансфер за него ќе биде прв интернационалец предизвик настапувајќи во Првата македонска фудбалска лига.

Новиот играч на Воска Спорт го има освоено Купот на Финска.

Претходно како што објави Спортска Мрежа екипата на Воска Спорт се раздели со Муамет Шакир, Албан Мемеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоски.

Повеќе од јасно е дека Воска Спорт има намери за директен опстанок после ангажманот на овие четири странски засилувања, а во следниот период ќе има уште неколку засилувања.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со 2-1 го совлада Еуромилк ГЛ. Двата погодоци за...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!