Ракомет

РК Младост 1977 ја развива ракометната школа во Дојран: Се создаваат нови генерации млади ракометари

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци продолжува да работи на развојот на младите ракометари, а ракометната школа во Дојран бележи раст и развој, со цел повторно да го врати ракометниот дух во овој град.

Со многу работа, посветеност и љубов кон ракометот, во Дојран се создаваат нови генерации млади спортисти кои ги прават првите чекори во ракометот и го градат својот спортски пат. Посебно значаен момент е тоа што Дојран повторно има свои ракометари кои се натпреваруваат во системот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Целта на ракометната школа е да им овозможи на децата правилен спортски развој, да ги запознае со основите на ракометната игра и да ги научи на дисциплина, тимска работа и почитување на вистинските спортски вредности.

Покрај создавањето здрави спортски навики и развивањето на љубовта кон ракометот, амбицијата на клубот е најталентираните деца да добијат можност за понатамошен напредок и еден ден да го носат дресот на Младост.

Растот на школата во Дојран претставува важен чекор во ширењето на ракометот и создавањето нови спортски приказни во регионот. Од клубот порачуваат дека ова е само почеток на еден процес во кој најважни се децата, нивниот развој и иднината на ракометот.

Од Дојран до ракометните терени низ Македонија – се создаваат нови генерации ракометари, со една заедничка цел: развој на младите и враќање на ракометниот дух.

РК Младост 1977 Богданци продолжува со својата мисија под мотото: „Еден живот, една Младост!“

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од генерацијата 2011, ќе учествува на Светското првенство во фудбал во форматот...

Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на шампионите, а пред нив е тешко гостување кај францускиот Нант. Домашниот...

Поврзани написи
Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на...

Ракомет

Ѓорѓески верува во нов европски поход: „Да го повториме успехот од минатата сезона!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а со неа и желбата за...

Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на...

Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!