Ракометарите на Алкалоид се пред нов европски предизвик, откако со убедлива победа од 31-22 над Келаг Ферлах го отворија двомечот од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим сега патува во Австрија со солидна залиха од девет погодоци и јасна цел – да го потврди пласманот во следната рунда.
Избраниците на Кирил Лазаров доминираа на домашен терен и со одлична серија во завршницата стигнаа до двоцифрена предност, која на крајот се сведе на конечните девет гола разлика. Марко Митев со седум погодоци беше најефикасен, Никола Костески постигна шест, а Монси Тордарсон додаде пет гола.

Реваншот во Виена е закажан за сабота (24 октомври), со почеток во 19:00 часот. Алкалоид ќе се обиде да ја сочува предноста и да го продолжи европскиот пат.