Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот во ВМФЛ, Пелистер и Работнички со ист број бодови, неколку екипи во сериозна резултатска криза

Сподели
Сподели

По осум одиграни кола Охрид и натаму е на врвот од табелата со 19 бодови на своето конто, „рибарите“ имаат бод предност во однос на Пелистер и Работнички кои го делат второто место со по 18 бодови, а пак Брера Струмица е четврта со 15 бодови.

Но, многу работи може да се променат бидејќи Работнички и Брера имаат меч помалку, тој од 5. коло кој беше одложен, тие три бодови ќе направат многу промени и може да одлучат кој да биде есенски шампион.

Тетекс влезе во победничка форма со две победи во низа со што „штофарите“ се израмнија со Беласица за делба на петтото место со по 12 бодови, а пак Камјани е седми со 11 бодови на своето конто, додека Македонија ЃП е последниот тим со двоцифрена бројка на освоени бодови односно „лавовите“ имаат десет бода.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Останатите екипи имаат под десет бода на своите конта. Така, Кожуф е деветти со девет бода, Новаци и Детонит Плачковица го делат десеттото место со осум бода.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВТОРА ЛИГА:

Нема промени ниту во опасната зона. Еуромилк ГЛ останува на 12. место со шест бода, Осогово е претпоследен со три бода, а пак Шкупи е на дното без ниту еден бод.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување во...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни победи во борбата за позициите на табелата. Работнички го продолжи максималниот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

Трета лигаФудбал

По исфрлањето на Тиверија од натпреварување, управата поднесе оставка!

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица се соочува со еден од најтешките моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!