Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица го задржува костурот на тимот, финансиски стабилен, а ќе ангажира неколку квалитетни засилувања

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш ќе го задржи костурот на тимот со носителите на играта, а клубот веќе преговара со четири до пет квалитетни играчи кои ќе се промовираа после Новогодишните празници како што дознава Спортска Мрежа.

Според информациите на Спортска Мрежа изгласан е буџетот на спорт на општина Радовиш, а според нашите информации средства ќе има и за ФК Детонит Плачковица плус делот кој што е од Детонит.

Во следните денови ќе разговараме со челниците на клубот и шефот на стручниот штаб Горан Здравко на оваа тема односно за финансии и играчкиот кадар и засилувања.

„Го сочувавме костурот на тимот со носителите на играта, веќе разговараме со четири до пет засилувања кои ќе ги промовираме во следниот период. Клубот е стабилен, на 9. јануари ќе означиме старт на подготовките за пролетниот дел“, рече Здравков за Спортска Мрежа.

Детонит Плачковица презимува на 5. место на табелата, а според нашите информации клубот ова зима ќе гради тим кој ќе биде надополнет во летниот дел за следната сезона да атакува за местата кои водат кон Прва лига.

Во следниот денови ќе објавиме повеќе информации околу Детонит Плачковица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!