Фудбал

ОФС Охрид: Секогаш сме ги почитувале одлуките на УО на ФФМ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Како што вчера информираше Спортска Мрежа, Управниот одбор на ФФМ по добиеното известување за определени неправилност во ОФС Охрид, донесе одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ.

„Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор“, се вели во соопштението од ФФМ.

Вечерва, ОФС Охрид излезе со соопштение во кое се вели дека секогаш ги почитувале одлуките на УО на ФФМ.

„Во врска со Собранието на ОФС-Охрид кое е закажано на 10.01.2025 година, ОФС-ОХРИД секогаш ги почитувала одлуките на У.О. на Фудбалската Федерација на Македонија и сега во целост стоиме на располагање за решавање на наводните неправилности и ќе постапи по насоките на ФФМ и ќе ја чекаме Одлуката за одржување на Собрание“, се вели во соопштението од страна на ОФС-Охрид.

Ова е соопшението на ОФС-Охрид кое беше објавено вечерва.

„Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен претставник назначен од У.О. на ФФМ со уредно писмено полномоштно, одреден печат и заверен архивски број не произведуваат правни дејства кон ФФМ и истите од страна на ФФМ нема да бидат признати“, се вели во вчерашното соопштение на ФФМ, кое го пренесе Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!