Турнири

Винарија Здравко го освои „Куклиш 2024“, Лазаров најдобар голман, Неделковски најдобар стрелец, Глигоров најдобар играч!

Сподели
Сподели

Синоќа заврши овогодинешното издание од Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, екипата на Винарија Здравко е победник на турнирот, а со тоа ја освојува и паричната награда во вредност од 150.000 денари.

Во големото финале екипата на Винарија Здравко лесно стигна до триумф против Герасов, со резултат од 7:2 откако за тимот победникот на турнирот двојни стрелци беа Минур Асанов, Горан Стојанов и Горан Коцевски, додека пак еден гол постигна Наум Блажевски. За тимот на Герасов кој го освои второто место стрелци беа Виктор Стојковски и Давид Блажевски.

Во мечот за трето место публиката во салата и гледачите на Спортска Мрежа можеа да проследат далеку по неизвесен меч во однос на финалниот.

Дрвош со 6:5 триумфираше над тимот на Христмил Банско и со тоа Дрвош го зазема третото место, а пак Христмил Банско заврши како четвртопласиран на „Куклиш 2024“.

  • НАТПРЕВАРОТ ЗА ТРЕТО МЕСТО И ФИНАЛЕТО НА „КУКЛИШ 2024“:

Дрвош до големата победа за трето место дојде на крилата на Аце Ѓоргиев кој постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Алекснадар Коцев, Ѓорги Трајков и Димитар Ѓоргиев. Со оваа победа екипата на Дрвош освен што го освојува третото место на турнирот го прославува и вториот роденден.

За тимот на Христмил Банско двојни стрелци беа Стефан Благоевски и Мики Митров, а еден гол постигна Стефан Димовски.

ФК Дрвош е клуб кој потекнува од истоименото село кое се наоѓа во општина Босилово, на околу дванаесетина километри од Струмица. Клубот кој е основан во 2022 година има големи амбиции.

Клубот покрај домашните натпревари игра и натпревари во странство.

Во однос на турнирот „Куклиш 2024“ за најдобар голман беше прогласен Филип Лазаров, токму од екипата на Дрвош, за најдобар стрелец на турнирот е прогласен Филип Неделковски, а пак најдобар играч беше Васко Глигоров.

Спортска Мрежа беше медиумски покровил на овој спортски настан, имавте можност во живо да проследите два натпревари од групната фаза, а исто така во живо на Спортска Мрежа можевте да го следите и полуфиналето, како и мечот за трето место и големото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!